(ФОТО) Панчо од ДНК на ногата ги истетовира презимињата на нашите репрезентативци во име на пласманот на Европското првенство

Владимир Блажев познат како Панчо од ДНК на ногата го истетовира македонското знаме и презимињата на нашите репрезентативци во име на пласманот на Европското првенство.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи
Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.
Браво момци, херои наши“, напиша Панчо на својот Фејсбук профил.

Leave a comment