Роберт Пешут – Magnifico, автор на таканаречената “најскапа” песна во кафеаните – “Пукни зоро” и творец на музиката за филмовите “Монтевидео” и “Сенки над Балканот”, на планетарната публика и ја претставува својата нова песна.
Синглот “Say No When You Gotta Say Yes” е музички коментар на уметникот за сегашноста и за моментот во кој секој од нас може да биде “чкрапалото на промените”.
“Нека на патот до слободниот дух, нѐ водат дрскоста, хуморот, разиграноста и сопственото размислување” – порачува Magnifico.
