Големи светски компании од енергетскиот сектор го меркаат ТЕЦ Неготино. Централата, во сопственост на државата, која е резерва за македонскиот енергетски систем и која поради нертабилниот мазут на кој работи, не е во функција повеќе од 10 години, ќе оди или на продажба или на јавно приватно партнерство, соопшти премиерот Заев.
Кој модел ќе се избере, ќе се одлучи на почетокот на следната година, кога ќе биде готова физибилити студијата.
Термоелектраната близу Неготино има 207 вработени. Последен пат струја произвела пред 11 години, но според менаџментот, постројките континуирано се одржуваат. Електраната остварува приходи бидејќи има договор со МЕПСО и дава услуга „резервна моќност на елктро енергетскиот систем во случај на недостиг на електрична енергија.
Пред еден месец Владата објави дека за неколку државни загубари, но и за ТЕЦ НЕготино се бара стратешки партнер.
На денешното свечено пуштање во употреба на првата фотоволтаична центрла на ЕВН во близина на Неготино, премиерот Заев најави дека седумдесетина странски компании од енергетскиот сектор меѓу кои има и големи светски брендови како американската Џенерал електрик, германската РВА, грчката ППС се подготвуваат да влезат на македонскиот пазар.
