„Секогаш сме реагирале и ќе реагираме. Оваа изјава на Каракачанов не е со нота или пипан документ, и еве и ние јавно реагираме: Во 1943 година на 31 декември македонските граѓани не си легнаа како Бугари и се разбудија на 1 јануари 1944 како Македонци. Тие се Македонци низ вековите наназад. Се чувствувале Македонци и се чувствуваат како Македонци“, истакна премиерот Заев на одговор на прашање на прес-конференција во врска со изјавата на министерот за одбрана на Бугарија Каракачанов.
