На граничниот премин Tабановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, од Република Србија…
Македонија конечно ги доби првите анти-КОВИД вакцини. Снежното невреме не беше пречка комбето со 4680 вакцини на „Фајзер“ кои ги донира Србија да пристигне претпладнево на „Табановце“.
Домаќинот на свечената церемонија, премиерот Заев, рече дека солидарноста во време на ваква пандемија не познава граници. Неизмерно му се заблагодари на српскиот претседател Вучиќ за, како што го нарече, чин на братство и искрено пријателство.
