Заев: Повеќе од 30 проценти од произведената енергија е од обновливи извори

Заев на Фејсбук “Повеќе од 30% од произведената македонска енергија е од обновливи извори – блиску сме до европскиот просек. 🇲🇰⚡🇪🇺🟢 Со инвестиции во обновливи извори на енергија се стремиме да постигнеме повеќе од 50% од севкупното производство на енергија да биде од обновливи извори.🟢 Сите нови објекти во кои инвестира државата се енергетски ефикасни, но тенденцијата е да преминуваат кон комплетна замена на системот со енергетски ефикасни системи. 🟢 Максимално користиме поставување на фотонапонски централи на крововите на објектите, во некои државни институции се поставуваат геотермални пумпи, сѐ повеќе се воведува природниот гас со конечна цел, нафтата и мазутот да не се користат.”

Leave a comment