Борис Новковиќ со „Пун мјесец, ти и ја“, го најавува новиот албум!

Новата песна на омилениот хрватски поп музичар Борис Новковиќ, насловена „Пун мјесец, ти и ја“, е продолжение на соработката на Борис со продуцентот Хрвоје Прскал и неговиот придонес кон оптимизмот кој очајно ни е потребен во сегашната ситуација.

За песната е објавен и интересен спот во режија на Раул Бржиќ, а покрај Борис Новковиќ, во видеото се појавуваат и Сара Фадљевиќ и Дино Рашидкадиќ.

Инаку, новиот студиски албум, кој се очекува да излезе оваа пролет, ги вклучува и претходните синглови на Борис „Гори улица“, „Мој град“ и „Динамит“, кои беа меѓу најслушаните хрватски синглови минатата година.

Leave a comment