СДСМ се модернизира – сините книшки заменети со црвено-бели електронски персонализирани картички

Соодветно на статутарните промени што беа донесени лани, а со кои партијата, практично, се ребрендира, сега црвената боја доминира на новите новите (електронски) членски книшки

За разлика од старите членски книшки, со неколку страници и со сина корица, на која се втиснати жолта ѕвезда и црвена роза, кои беа доскорашните симболи на партијата, новите партиски книшки не само што се црвено-бели туку, како што велат од партијата, се електронски и персонализирани.

Со нив, членството на СДСМ ќе се идентификува при гласањето на првите непосредни внатрепартиски избори за претседател, кои ќе се одржат в недела.

Leave a comment