Скопскиот бенд „ПМГ Колектив“ речиси 20-ина години е еден од главните двигатели на музичката сцена кај нас. Патот кон зрелоста бендот го градеше во повеќе фази и различни постави со мноштво музички изданија зад себе.
Константа во опстојувањето на бендот е креативната соработка на пријатели, уметници, претприемачи и музичари кои функционираат на иста фреквенција следејќи ги актуелните текови на новите тенденции. Обично велат дека тоа е процес што одамна е продукт, но постојано еволуира и резултира. Најновиот резултат од таа возбудлива интеракција е албумот со наслов „Fraternité“ (Братство).
Но, освен новиот албум, деновиве излезе и синглот „Принцеза“, на кој се потпишуваат ПМГ и Prince$$ Donatsu и е нивна прва заедничка соработка.
