Пејачот Влатко Лозаноски по подолго време објави нова песна, наречена „Вардаре“. Автори на песната се Лазар и Магдалена Цветкоски, со кои Лозано соработува одамна. Видеото, снимено на неколку локации, го режираше Даниел Јовески, а во него се појавуваат актерите Емилија Мицевска Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, но и неколку млади глумви од актерската школа на Весна Бејби.
„Песната е дел од мојот проект ‘Километри’. Се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша Лозано.
