Пристигнаа првите количини од одобрените 119.123 Фајзер вакицни кои ЕУ ги обезбеди како помош за Македонија

Денеска пристигнаа првите количини вакцини од одобрените вкупно 119.213 дози Фајзер, кои ЕУ 🇪🇺 ги обезбедува како помош за Северна Македонија 🇲🇰 преку трилатерални договори во рамките на програмата Тим Јуроп (Team Europe).Влегуваме сериозно во широката и обемна имунизација на севкупното население. Обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини. Апелирам до сите граѓани – пријавете се на www.vakcinacija.mk за да добиете термин за вакцинирање. На овој начин, очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет.Со масовната вакцинација да продолжиме со примена на мерките за лична заштита сѐ додека епидемиолозите и Институтот за јавно здравје не донесат други препораки.

Leave a comment