Четири години СДСМ на власт – најави продолжување на политиките за подобар живот, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев

Не може секој да биде премиер, ете јас јас добив честа и ако треба животот ќе го оставам за да ја видам среќата кај мојот народ, рече премиерот Зоран Заев во 2017-та година.

Точно четири години подоцна, по одржани локални, претседателски и вонредни парламентарни избори во 2020-та, Заев и СДСМ се` уште се на власт.

Во меѓувреме се случи компромисот за името, зачленувањето во НАТО, деблокирањето па повторното блокирање на евроинтеграциите, овојпат поради Бугарија, пандемијата и справувањето со нејзините ефекти и здравствени и економски.

Leave a comment