Дарио по една година пауза промовираше нова песна

Пејачот Дарио Панковски по една година пауза промовираше своја нова песна. Се работи за синглот „Кој чека ќе дочека“, за кој Дарио ги напиша музиката и текстот, а аранжманот е на Кристијан Габроски.

„Песна за нови почетоци, песна за поубава иднина, песна за сите нас, весела, среќна, опуштена и по малку хумористична. Искрено се надевам дека наскоро сите заедно ќе дочекаме пак да се радуваме на свадби, родендени, забави и концерти, на сите убави моменти во животот. На здравје!“, порачува Дарио. 

Leave a comment