(Видео) Стотици деца и родители на кино под отворено небо во Градскиот парк

Влезот на настанот е бесплатен, а го организира Зоолошката градина во Скопје по повод одбележување 95 години од основањето

Неколку стотини деца и родители вечерва присуствуваат на летното отворено кино во Градскиот парк во Скопје.

Настанот се одржува на „Школка“, каде вечерва се прикажува филмот „Пинокио“ на режисерот Матеа Гарона.

Влезот на настанот е бесплатен, а го организира Зоолошката градина во Скопје по повод одбележување 95 години од основањето.

Leave a comment