ВИДЕО: СДСМ објави видео од партиските конгреси на ДПМНЕ на кој се изведува песна во чест на Тодор Александров

Владеjачката партија објави видео од еден од претходните партиски конгреси на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на кој се изведува песна во чест на Тодор Александров.

-Ниту беше Гоце Делчев, ниту Даме Груев. Кого велича ВМРО-ДПМНЕ?, прашуваат од СДСМ.

На видеото можат да се видат неколку сегашни и поранешни членови на партијата, меѓу кои и поранешниот премиер и азилант Никола Груевски.

Leave a comment