Огнен Здравковски ја објави својата нова песна на српски јазик, насловена „Душа“

Пејачот Огнен Здравковски ја објави својата нова песна на српски јазик, насловена „Душа“. За новото музичко остварување на Огнен се заслужни Саша Николиќчие дело се музиката и аранжманот, текстот е на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која српскиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Песна за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ. Како режисер се потпишува македонскиот режисер Зоран Зонде Стојановски.

Покрај Огнен, во спотот се појавува и српската манекенка Невена Гичевиќ. Спотот е снимен на повеќе локации во Белград, меѓу  кои и во ресторанот на музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ.

Leave a comment