(Фото и Видео) Воздухопловнo-десантни операции, падобрански скокови и копнени активности на војници од осум земји на Криволак

Денеска на армискиот полигон „Криволак“, беше реализиран Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“, при што беа презентирани воздухопловнo-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, на Велика Британија, на Франција, на Италија, на Црна Гора, на Грција, на Албанија и на Македонија.

На денот за високи гости, меѓу другите, присуствуваа и шефот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, претставници на дипломатскиот кор, генерали во АРСМ, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и на НАТО и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.

Вежбата „Брз одговор 22“ е досега најголема мултинационална вежба во Македонија од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која се реализираат воздушни десанти во овој обем.

Leave a comment