„Талир 2“: 6 години затвор за Груевски, конфискувано седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судот ја изрече пресудата за случајот Талир 2: Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доби затворска казна од шест години, а поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски,  двегодишна условна казна.

Да се конфискува Белата палата на ВМРО – ДПМНЕ вредна 7 милиони евра, како и уште дваесетина партиски штабови низ државата, одлучи скопскиот кривичен суд, откако ги поништи како незаконски сите договори што партијата ги направила со градежната фирма ДГ Бетон АД Скопје..

Leave a comment