Еве стигна и ДАТУМОТ – 19.07.2022г. ИСТОРИСКИ ДЕН! МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАПОЧНА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Премиерот Ковачевски “Денешниот ден е историски за нас. Долгоочекуван. Заслужен.

Патот до Брисел беше долг. Северна Македонија цивилизациски, географски и историски припаѓа во европското семејство.

Горд сум што македонскиот јазик ќе биде јазик на кој ќе се води процесот на преговорите за пристапување, вклучувајќи го и самото склучување на Договорот за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Со нетрпение го чекаме денот кога со полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ еднаков со сите останати 24 официјални јазици на Европската Унија.”

Leave a comment