Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс”, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1.
„Одлуката на компанијата да го прошири производството тука е потврда за добрите економски политики кои ги води Владата и политиките што ги имаме за зголемување на платите на вработените“, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на фабриката.
Ковачевски нагласи дека верува оти наскоро во Скопје ќе има трета фабрика на „Кемет електроникс” и вети дека како Влада ќе направат се за да се отвори таков капацитет.
