Премиерот Ковачевски се сретна со новата американска амбасадорка, Анџела Прајс Агелер

Добредојде за новата амбасадорка на САД Анџела Прајс Агелер. Нашето стратешко партнерство продолжува да се развива, ние сме НАТО сојузници, а САД се наш голем пријател и партнер.

Поддршката за евроинтеграциските процеси која ја добиваме од САД е од огромно значење и јас сум уверен дека истата ќе продолжи и ќе се интензивира.

На нашата средба ја информирав амбасадорката за сите важни прашања врзани со справувањето со економската и енергетската криза, како и за можностите кои стојат пред нас на нашиот европски пат. Граѓаните заслужуваат подобар живот и побогата и подобра иднина, а поддршката од САД е исклучително важна во овој процес.

Ѝ посакувам успешен мандат на амбасадорката Агелер.

Leave a comment