(Фотогалерија) Со промотивно ноќно скијање успешно започна новата скијачка сезона во Ски – центарот Нижеполе

Фотогалерија од почетокот на ски сезоната на Нижеполе

Со промотивно ноќно скијање успешно започна новата скијачка сезона во Ски – центарот Нижеполе.

Поминавме период на упорна работа за да создадеме минимални услови, како и подобар амбиент за посетителите на нашиот планински бисер.

Скијачките патеки полни со свеж снег, а студеното време не ја стопи желбата за уживање во снежните радости.

Ноќното скијање, беспрекорната услуга, уредениот паркинг простор се дополнителни атрибути кои Ски – центарот Нижеполе го прават посебно привлечно место со совршени услови за љубителите на зимските авантури, а за многубројните посетители секоја посета е несекојдневно искуство.

Уживајте во фотографиите од ски-авантурата на падините на Нижеполе.

Leave a comment