Денеска конечно светлоto на денот го здогледа дуетот на Аце Пејовиќ и Емина Јаховиќ кој публиката нетрпеливо го чекаше. Токму на денот на жената, на публиката и ја подарија песната „Рано је“, која веќе во најава предизвика лавини од позитивни коментари. Целата приказна е придружена со високобуџетен спот кој со денови се снимаше на неколку луксузни локации, а публиката се согласува дека спотот е направен како вистинска бајка.
Емина е автор на музиката и текстот. Нашиот Дарко Димитров исто така работеше на музиката а тој заедно со Иле Спасов е автор и на аранжманот.
