„Прљаво казалиште“ после 9 години имаат нова песна

По девет години пауза, групата „Прљаво казалиште“ објави нова песна, насловена „Старе навике“.

Гитаристот и главен автор на загрепскиот бенд Јасенко Хоура на својот Фејсбук напиша дека песната е „посебна од неколку причини“ за него. Се работи за љубовна балада со средно темпо, потпишана од Хоура и Инес Прајо, со препознатливиот звучен ракопис на Прљавци, ја дочекува тагата, споменува „записи кои веќе никому ништо не значат“ и пцовки за „сите наши изгубени години“.

Прљавци планираат нов албум, а „Старе навике“ наскоро треба да има и спот во кој ќе настапи актерот Горан Богдан.

Leave a comment