Во секојдневна комуникација со стопанството и со граѓаните, креираме навремени и таргетирани мерки, во интерес на сите. Денеска ја посетив компанијата „Левидиагро ДООЕЛ“ од Кочани, специјализирана за откуп, преработка и пласман на ориз, која е пример како успешно може да се работи и во услови на криза, обезбедувајќи плати и истовремено исполнувајќи ги обврските кон државата. За нив, со доброто менаџирање, успехот е неминовен.
Како одговорна Влада, секојдневно ја следиме состојбата на терен и согласно тоа носиме мерки кои се во насока на заштита на потребите на компаниите и на граѓаните.
Нашата цел е да го заштитиме стандардот на граѓаните, но и ликвидноста на компаниите. За нас се сите важни и граѓаните и стопанството.



