Кајли Миног на љубителите на поп и денс музиката ќе им го „подари“ новиот албум „Tension“ којшто ќе го издаде во септември 2023 година. Враќањето на кралицата на поп хитовите со песната „Padam Padam“ ги воодушеви нејзините фанови, но и оние помладите кои првпат се среќаваат со музиката на оваа австралиска музичка ѕвезда.
