Воен конвој со нови возила за македонската Армија е пристигнат во Македонија.
![]()
Новите лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата, пристигнаа во штипската касарна.
Забрзано ја модернизираме Армијата со најнова и најсовремена опрема.
Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица.
Пристигнува уште еден конвој, со што ќе располагаме со 32 возила од овој тип. – напиша министерката Петровска
