САД и Македонија потпишаа 10-годишен план за соработка во одбраната

Остин и Петровска се сретнаа за да потпишат 10-годишен патоказ за соработка во одбраната, кој ги поставува целите за двете земји да работат заедно на решавање на заедничките одбранбени предизвици.

📍 Средба со секретарот за одбрана на САД Лојд Остин во Пентагон.

❗ Склучивме 10 годишен патоказ за соработка во одбраната со нашиот стратешки партнер и пријател и ги поставивме темелите за развој на одбранбената соработка.

🇲🇰🤝🇺🇸 Заедно ќе работиме на модернизацијата на Армијата, заедно ќе се носиме со безбедносните предизвици. Безбедноста и сигурноста на нашите граѓани е загарантирана.

👉Горди сме на нашето долгорочно и силно билатерално партнерствo кое прерасна и во силно пријателство.” – напиша министерката Петровска

Leave a comment