(Видео) „Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата песна од проектот „Македонијо во срце те носиме“

„Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата од предвидените дванаесет нумери што јавноста ќе има можност да ги чуе како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. „Оган да го гори“ е песна со потписите на две фолк легенди Војо Стојаноски, како автор на музиката, и Гоце Николовски, кој го потпишува текстот. Аранжманот е на Николче Мицевски, кој со огромна одговорност застана пред предизвикот да напише нови аранжмани за сите 12 композиции.

Leave a comment