Феро Инвест и Централ Инвест први ќе воведат во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори
Фирмите Феро Инвест и Централ Инвест, на бизнисменот Кочо Анѓушев први ќе донесат во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија, која се произведува од електрани од обновливи извори.
![]()
Во моментот се гради нова фотоволтаична електрана од 6,5 MW (мегавати), а во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата.
![]()
Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори, пред се од сончеви (фотонапонски) електрани. Складирањето на вишоците ќе го спречи тоа што сега случува-да има преголемо производство на електрична енергија која не може да се потроши во моментот кога се произведува. Батериите ќе овозможат струјата која преку ден е вишок, да може да се користи тогаш кога ќе биде потребна.
Инаку, компаниите на Анѓушев, кои меѓу другото поседуваат хидроелектрани, фотонапонски и био гасни електрани, лани остварија раст на приходите од 135%.
