Битиќи: “Нова инвестиција на Теламон, нови 300 работни места со плати повисоки од просечната
Aмериканската компанија Теламон се одличи за нов инвестициски циклус со нов производствен погон од 2,100 метри квадратни во кој, проектирано е отворање на 300 нови работни места, со плати повисоки од просечната нето плата.
На свеченоста ја посочив довербата која странските инвеститори ја имаат во нашиот економски потенцијал, во неговото поволно, стабилно и предвидливо деловно опкружување кое неуморно работиме да го одржуваме и унапредуваме.
Минатата година бележиме историски рекордна вредност на странски директни инвестиции во износ од 753,8 милиони евра, што е за двапати поголемо во однос на 2016 година, а кои за граѓаните отворија нови 2.300 работни места.”
