Фејсбук статус на Бојан Маричиќ – “![]()
Во 2030, како членка во ЕУ, ќе може да ги вратиме сите странски пасоши кои досега граѓаните ги земаа.
Нашата визија е дента, 2030 година кога ќе станеме членка на Европската Унија да ги собереме сите туѓи пасоши коишто нашите граѓани ги земале додека сме чекале во чекалната на ЕУ, и да ги однесеме во Амбасадите на државите и да кажеме: Благодариме соседи или подалечни соседи, ние ви ги враќаме овие пасоши, не ни требаат затоа што нашиот дом стана Европска Унија и затоа што Северна Македонија стана членка на Европска Унија,
Изборот е наш, ние можеме да ги оптовариме нашите деца и идни генерации и да им кажеме ние немавме сила и знаевме дека ќе има штета по нашите кариери, па се одлучивме да не направиме ништо.
Тоа не го сакаме и не сакаме нашите и вашите деца да се занимаваат со овие прашања, да преговараат со Бугарија и да бараат чаре во други држави.
![]()
Со мудри одлуки да ги тргнеме сите пречки за да успееме во исполнувањето на стратешките цели.
![]()
МК во ЕУ до 2030![]()
![]()
