(Видео) ПЕТРОВСКА …Со внесување на Бугарите во уставот се побива онаа фама дека ние сме еден народ во две држави

ПЕТРОВСКА …Со внесување на Бугарите во уставот се побива онаа фама дека ние сме еден народ во две држави. Ако за ДПМНЕ ова е неприфатливо, тогаш се плашам дали тие се сложуваат со таа реченица дека ние сме еден народ во две држави…

Што е спорно во уставните измени, кога Бугарија сама бара Бугарите да се пишат како малцинство во Уставот на Република Северна Македонија? Со тоа се побива онаа фама дека ние сме еден народ во две држави. Ако за ВМРО-ДПМНЕ ова е неприфатливо, односно Бугарите да бидат дел од Уставот, тогаш се плашам дали тие се сложуваат со таа реченица дека ние сме еден народ во две држави.

Нема ништо спорно во уставните измени, јас мислам дека треба да собереме политичка храброст и уставните измени не смееме, ако и мислиме добро на државата, да ги користиме како дел од предизборието кога и да се случи. Дали ќе биде во септември-октомври, следната година редовно… државнички прашања не смеат да бидат дел од изборна кампања.

Leave a comment