Жежок спот: Сања Барби ја објави песната „Срце Балканско“

Познатата фолк-пејачка Сања Цинцева или позната како Барби, на социјалните мрежи ја објави нејзината најнова песна со наслов „Срце Балканско“.

Барби, која важи за една од нашите најпознати музички имиња на фолк-сцената, со овој нејзин најнов музички проект објасни како треба да звучи, но и да изгледа новосоздадениот македонски фолк.

Покрај одличната песна, Барби со својот тим од соработници се потруди да сними и доста интересен видеоспот, во кој покрај неа и згодните танчерки, се појавуваат и триесетина дечиња кои танцуваа на ритамот на „Срце Балканско“.

Leave a comment