Уапсен Тодоровиќ, осомничени Груевски, Ставревски и Канчевска-Милевска за спомениците од Скопје 2014

По опсежно спроведена постапка КО.Бр.9/20, по прибавени докази по пат на меѓународна правна помош од пет странски држави, во текот на вчерашниот и денешниот ден, до судија за претходна постапка поднесени се повеќе барања за претреси и барање за привремено одземање на имот заради обезбедување, замрзнување банкарски сметки и удели како и предлози за определување мерки притвор и други мерки за обезбедување присуство на осомничените.

Во овој предмет во ОЈО ГОКК се спроведува истражна постапка против 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои освен македонски државјани има еден државјанин на Р. Италија и 3 италијански правни лица, поради основано сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.5 од КЗ и Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

Врз основа на прибавените докази, произлезе основано сомнение дека од втората половина на 2007 година до крајот на 2013 година во Скопје, првоосомничениот, искористувајќи ја својата реална моќ како претседател на Влада на Република Македонија и претседател на политичка партија што тогаш била на власт, заедно со со своите блиски владини и партиски соработници – заменик претседател на Влада и министер за финансии, државен секретар во Министерство за култура, а подоцна и министер, тогашен Претседател на Советот и советник во Општина Центар, градоначалник на Општина Центар и други лица се поврзал со цел остварување политичка и финансиска корист.

Имено, под превезот на историското и државотворното значење на личностите за кои се подигнуваат споменици, осомничените започнале со реализација на проект познат во јавноста како „Скопје 2014“ за кој реално не постои писмен документ, одлука, проект или програма на надлежен државен орган. Повеќе во видеото…

Leave a comment