Неочекувано запросување се случи при денешната пресуда на случајот „Софтвери“. Четвртообвинетиот, Даниел Станчев, откако му пресудија четири години затворска казна, ја побара својата девојка, којашто е всушност обвинета во истиот случај, Ирена Ивановска за жена.
Присутните останаа вџашени од овој потег на Станчев, но сепак Ивановска одговори потврдно. Атмосферата во судница беше емотивна, а имаше и по некоја солза. По потврдниот одговор на обвинетата Ивановска, заљубениот пар си размени нежности, поточно следеа прегратки и бакнежи.
Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска рече дека споделиле убав момент и даде пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе им определи притвор на четворицата обвинети.
