Премиерот Ковачевски во Вилнус се сретна со Бајден

На маргините на НАТО самитот во Вилнус Литванија премиерот Димитар Ковачевски имаше куса средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Како што самиот објави средбата со Бајден била можност накратко да поразговараат за важноста на европските и евроатланските интеграции на Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, Ковачевски претходно се сретна и со британскиот премиер Риши Сунак, со премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Луксембург Ксавиер Бетел, на Бугарија Николај Денков, како и со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Leave a comment