Драстично намалување на трошоците за брзи кредит, го прекинуваме „должничкото ропство“.
Пратениците од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити.
Со усвоените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н. брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот.
Со ова ја прекинуваме праксата со која за брз кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.
Ниту за овие закони не гласаа пратениците од ДПМНЕ.
Крај на огромните камати, пратениците од параламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои законски измени: каматата да не биде поголема од долгот.
Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле.
За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале. Тоа завршува.
Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.
Дополнително, го скратуваме и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓаните.
