СДСМ – “Касами стана градоначалник со гласовите на ДПМНЕ, a Мицкоски го предлагаше Гаши за нов мандатар на Владата”

Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово треба да ги даде Христијан Мицкоски.

Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно.

Како партијата наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата.

Leave a comment