Поранешна ракометарка на Вардар ја препеа „Ој, Вардаре македонски“ (ВИДЕО)

„Ој, Вардаре македонски” ееднаод оние песни кои будат емоција уште со првите тактови. Таа е меѓу композициите кои остануваат трајно врежани во македонскиот музички код и песна која ќе остане како вистинско музичко ремек-дело кое ги разгалува срцата и душите на Македонците каде и да се. Оригинално е отпеана од великанот Јонче Христовски, но оваа безвременска тема магично звучи и во интерпретација на Марија Спасовска, млада девојка која јавноста ја памети уште од „Поточиња”, мјузиклот „Тајно моја”, Детската Евровизија…

„Среќна сум што сум дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, и со посебна радост ја прифатив поканата и идејата да ја отпеам оваа песна. „Ој, Вардаре македонски” отсекогаш била моја желба, особено затоа што сум поранешен член на РК Вардар, но и нивен најголем фан. Со Николче имавме одлична соработка за време на снимањето и мислам дека заеднички успеавме да донесеме нов, свеж звук за оваа моќна песна која првенствено треба да им стане омилена на младите, односна на мојата генерација“, вели Марија и додава дека би сакала да сними уште некоја ваква преработка, но ветува и нови музички проекти.

Leave a comment