Зуица Лазова ја отпеа “Земјо ила” дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“

„Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала…”, ова се дел од стиховите од песната „Земјо мила”, композиција на која ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен. Оригиналната верзија на „Земјо мила” во далечната 1977 година на Скопскиот фестивал ја отпеа кумановецот Никола Давидовски – Коле, нејзин комплетен автор е Јане Коџобашија, а сега спакувана во ново руво од маестро Николче Мицевски је пее и Зуица Лазова.

Видеото за „Земјо мила” – инаку мошне емотивно и со кадри во кои се застапени и децата белаци, веќе ви е сигурно добро познато е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад целиот проект „Македонијо во срце те носиме”. Дел од проектот се 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика.

Leave a comment