Старите занаети во ново руво | Буран Асан е човекот кој го прави најубавото турско кафе

☕️ Буран Асан е човекот кој го прави најубавото турско кафе. Ќе речете кафе како кафе, но ова е посебно, се вари на жежок песок во посебни ѓезвиња, а се служи и во посебен прибор.

💬 Кафето не е мешавина, луѓето што доаѓаат, што се разбираат, ми пружиле рака за кафето знаат што е квалитет.

💬🌹 Сокот од ружа е нешто кое го има само кај нас. Старите го знаат, младите кога ќе пробаат се воодушевуваат, вкусот е специјален. Се прави од ружи, од цветови, стојат на сонце во стаклени тегли најмалку 40 дена, се додава лимонтус, а бојата на лимонадата зависи од цветот на ружата.

Leave a comment