Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас при посетата на Струмица го посети и домот на неговиот своевремен македонски колега Зоран Заев и се запозна со неговиот татко и мајка.
За таткото и мајката на поранешниот премиер на Македонија и претседател на СДСМ е познато дека потекнуваат од Муртино. Вчера Заев му ја покажа на Ципрас и општинската зграда на Струмица каде порано бил градоначалник, а поранешниот грчки премиер, кој е во приватна посета на земјава, беше примен и од актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов
