Црна Гора благодарна на Македонија што овозможи црногорски граѓани да бидат на хуманитарниот лет од Израел

Министерството за надворешни работи на Црна Гора, упати благодарност до Северна Македонија што овозможи евакуација на црногорски државјани од Израел, на летот обезбеден од македонската Влада.

„Црна Гора и е благодарна на Северна Македонија што им овозможи на црногорските државјани да бидат на нивниот хуманитарен лет. Благодарност и до амбасадите на Цена Гора во Скопје и македонските амбасади во Подгорица и Тел Авив за нивната посветеност за реализација на евакуацијата. Северна Македонија и Црна Гора, сојузници, партнери и пријатели“, пишува во објавата на Х од Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

За сите македонски државјани кои побараа помош за евакуирање од Израел беше обезбеден трансфер благодарение на напорите на Владата на Република Северна Македонија и премиерот Димитар Ковачевски, соопштуваат од Владата.

Сите финансиски трошоци за превезувањето на евакуираните граѓани се покриени со резерви на Буџетот на Република Северна Македонија, согласно одлуката донесена на седница на Владата.

Leave a comment