Просечната плата во Македонија за месец август 2023 изнесува 36.390 денари

Фатмир Битиќи – Како и што очекуваме, реалниот раст на платите се случува и истиот ги надминува трошоците на живот. Просечната исплатена нето плата по вработен во Република Северна Македонија според официјалните податоци на Државниот Завод за Статистика за месец август 2023 година, објавени денес, изнесува 36.390 денари, односно истата е зголемена за 4.519 денари споредено со август 2022 година.

Изразено во индексни поени, растот на платите во август изнесува 114,2 споредено со истиот месец од минатата година.

Она што е важно за животниот стандард на граѓаните, економијата создава реален раст на платите, кој веќе петти по ред месец го надминува индексот на трошоците на живот (инфлацијата), а кој во август месец изнесуваше 108,3, што значи дека имаме разлика од 5,9 индексни поени во корист на куповната моќ на граѓаните.

Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на животниот стандард на граѓаните чии плати очекуваме да продолжат да растат со стапки повисоки од растот на трошоците на живот и во наредните месеци.

Leave a comment