ВИДЕО | Прикажан трејлерот за филмот за Џеј Рамадановски

Првиот трејлер за долгоочекуваниот филм „Недеља“ кој го следи животот на еден од најпопуларните српски пејачи Џеј Рамадановски, ја виде светлината на денот.

Инспириран од вистински настани, филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ, а во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ.

Во него се раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост, па сè до големиот успех што пејачот го постигна.

Leave a comment