Премиерот Ковачевски “Започнуваме со целосна санација на колекторскиот систем во општина Дојран и изградба на нова, модерна пречистителна станица.
Решаваме децениски проблем, обезбедуваме максимална заштита на Дојранското езеро како споменик на природата.
За прв пат по повеќе од 30-тина години, оваа Влада вложува во системско решавање на проблемот со собирање и пречистување на отпадните води во Дојран.
Вредноста на проектот е 3,5 милиони евра, пари обезбедени од централниот Буџет и донација од Словенија.
Продолжуваме да инвестираме во нови и санација на постојни водоводни и канализациони мрежи низ целата држава. Се грижиме за животната средина, се грижиме за здравјето на граѓаните.”
