ФБ статус на Ленче Николовска
Косовски земјоделци склучуваат договор за откуп на сончоглед со „Кристал 1923“, разбрале дека компанијата плаќа навреме!
Уште една потврда дека успехот на Доворното производство зависи од откупувачот е позитивниот пример од работењето на Директорот на “Кристал 1923“ (поранешен Благој Ѓорев од Велес) Горанчо Лазов.
Кога во 2018 година кога Лазов дојде во Влада со идеја да започнеме заедничка соработка, да го вратиме сончогледот на македонските ниви, настапи со уверување дека секое зрно од сончоглед кое ќе го отупи ќе го плати по договорената цена.
Така и беше, не само што ја плати по договорена цена туку го плати сончогледот со највисока цена во регионот. За сите овие години ниту еден земјоделец не се пожали, напротив за нив тој е партнерот во производството и нивна поддршка. Според договорите добиваат и регрес семе и ѓубрива за повисок и поквалитетен род.
Добриот глас надалеку се слуша. Така лани Компанијата имала заинтересирани земјоделци од Косово кои по препорака на нивните колеги земјоделци од Македонија склучиле договор за 100 тони сончоглед. Според најавите на Лазов, интересот за новата реколта ќе биде поголем бидејќи земјоделците од Косово тврделе дека нивната земја е многу добра за овој вид на производство
