Хотел Молика на Пелистер се реновира темелно, за првпат по 30 години постоење!
Со поддршка на АД ЕСМ и Управниот одбор, отпочнат е инвестициски циклус за промена на цевките за довод и одвод, на дограмата, капатилата, подот во собите. Набавени се нови душеци, нови телевизори и нови мини барови.
Се реконструира и летната тераса, и фасадата, а во тек е постапка за изградба на систем за осветлување на ски стазата Копанки!
