Повисоки плати и по прв пат К-15 за културните работници

Повисоки плати и по прв пат К-15 во паричен надоместок за културните работници, напиша на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

📣 Повисоки плати и по прв пат К-1️⃣5️⃣ во паричен надоместок за културните работници. 📈

📌 Околу 3400 вработени во културните установи добија по 10.000 денари повеќе на својата сметка, регрес за годишен одмор за 2023 година.

📌 Обезбедивме над 37,6 милиони денари за К-15 на вработените во националните и локалните установи од областа на културата.

📌Успеавме да ги зголемиме платите на сите профили, согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор.

📌 Во изминативе две години вработените во културните институции добија повисоки плати за 43 проценти. Само во последнава 2023 година имаше две покачувања.

Поддршката на културните работници и институции е клучна за одржливиот раст и живост на нашиот културен сектор. 🎭

Платите ќе продолжат да растат, Владата останува партнер со работникот.

Leave a comment